Во ноќен клуб во Охрид, во понеделникот вечерта, 35-годишниот С.Г. физички ја нападнал својата сопруга пред бројни присутни. Инцидентот се случил во 22:10 часот, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.
Напаѓачот е лишен од слобода утрово во 09:15 часот. Од СВР Охрид информираат дека против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.