ПРВ.мк
Свет

Тешка загуба за Москва: Украинците ја срамнија со земја базата на руската 8. армија – десетици жртви

Тешка загуба за Москва: Украинците ја срамнија со земја базата на руската 8. армија – десетици жртви
Escape

Украинските сили извршија прецизен и разорен напад врз зградата што служела како седиште на руската 8. комбинирана армија. Според украинскиот канал Supernova+, базата е уништена до темел, а телата на загинатите се изнесуваат во групи, што укажува на голем број жртви.

Целта на нападот се наоѓала во источниот дел на Украина, во регионот Луганск – под контрола на проруските сили уште од 2014 година. Нападот се случува во момент кога Русија тврди дека целосно ја контролира областа, додека Украина сè уште држи мали делови на север.

Официјална потврда од руската страна за загубите сè уште нема, а украинските власти не издадоа официјално соопштение за операцијата. Но ако информациите се потврдат, ова ќе биде еден од најтешките удари за руската команда од почетокот на војната.

Mia Home Mavrovo