ПРВ.мк
Свет

Крвав инцидент среде Лондон: Четворица повредени со нож, еден е критично (ВИДЕО)

Крвав инцидент среде Лондон: Четворица повредени со нож, еден е критично (ВИДЕО)

Четворица мажи биле избодени во напад што се случил попладнево во југоисточниот дел на Лондон, а полицијата привела седум лица во рамки на истрагата.

Инцидентот се случил на Бромли Хај Стрит, а сите четворица повредени биле пренесени во болница. Според британските медиуми, еден од нив се наоѓа во критична состојба.

Според сведочења од местото на настанот, нападот наводно се случил во ресторан на „КФЦ“, каде по инцидентот останале видливи траги од крв. Полицијата разговарала со вработените и со други лица кои можеле да бидат сведоци.

Пред нападот, надлежните добиле пријави дека во областа се движи група луѓе вооружени со мачети. Неколку сведоци исто така тврдат дека во инцидентот било употребено големо оружје со долго сечило.

Еден возач на автобус кој пристигнал кратко по нападот изјавил дека слушнал оти било употребено таканаречено „зомби-нож“, додека обезбедувач од блиска продавница навел дека видел група млади лица со мачета.

По инцидентот, полицијата го блокирала делот од Бромли и воспоставила безбедносен периметар.

Идентитетот на повредените засега не е објавен, а не се познати ниту точните околности ниту мотивот за нападот.

Истрагата продолжува.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА