ПРВ.мк
Свет

Кој е навистина Владимир Путин? Откриени детали од неговото минато и семејството

Кој е навистина Владимир Путин? Откриени детали од неговото минато и семејството

Рускиот претседател Владимир Путин, кој на 7 октомври го прослави својот 74-ти роденден, повторно се најде во центарот на вниманието поради анализата на неговиот живот, политичкиот подем и односите со Западот.

Поранешниот хрватски амбасадор во Москва, Божо Ковачевиќ, во разговор за РТЛ откри помалку познати детали од семејната историја на рускиот лидер.

„Интересно е што неговиот дедо бил готвач и на Ленин и на Сталин“, изјави Ковачевиќ, посочувајќи дека Путин има различен однос кон овие две историски личности.

Станува збор за Спиридон Путин, кој работел како готвач за советските лидери, факт што и самиот руски претседател го потврдил во минатото.

Путин пораснал во Ленинград, а подоцна работел во советската разузнавачка служба КГБ, меѓу другото и во источногерманскиот град Дрезден.

Според Ковачевиќ, Путин на почетокот од своето претседателствување имал значително попозитивен однос кон Западот, но постепено се разочарал од начинот на кој западните држави ја третирале Русија.

Неговото владеење подоцна било обележано со растечки тензии со НАТО, воени интервенции и инвазијата врз Украина во 2022 година.

Ковачевиќ смета дека војната дополнително ја зацврстила зависноста на Русија од воената економија и од соработката со Кина.

Во анализата се споменуваат и тврдењата за интересот на Путин за долговечноста, вклучително и необични третмани за подмладување, чии ефекти не се научно потврдени.

Според оценката на Ковачевиќ, иднината на Путин останува тесно поврзана со исходот од војната во Украина и неговата способност да ја задржи политичката моќ.