ПРВ.мк
Црна Хроника

Мајката слушнала два истрела, а потоа го пронашла синот мртов: Потресни детали за семејната трагедија

Мајката слушнала два истрела, а потоа го пронашла синот мртов: Потресни детали за семејната трагедија

Нови потресни информации се појавија за семејната трагедија во селото Пограѓе, во близина на Гњилане, Косово, каде што 53-годишниот Ремзи Арифи е осомничен за убиството на својот 29-годишен син.

Според косовскиот медиум „Клан Косова“, кој се повикува на извори блиски до семејството, мајката на починатиот млад човек била во семејната куќа кога слушнала два истрела.

Набргу потоа го забележала својот сопруг како го напушта домот и заминува со автомобил „сузуки“.

Кога влегла во една од собите, го пронашла својот 29-годишен син без знаци на живот, покриен со ќебе.

Според досегашните информации, убиството се случило во неделата вечерта, 11 октомври, во семејниот дом.

Мотивот за злосторството засега не е познат.

Полицијата започнала потрага по 53-годишниот осомничен, кој по инцидентот побегнал од местото на настанот.

Во меѓувреме, автомобилот за кој се претпоставува дека го користел при бегството бил пронајден во реонот на селото Слубица, во општина Гњилане.

Истражните органи ја проверуваат и можноста осомничениот да ја преминал границата и да побегнал во Србија, но таквите информации засега не се официјално потврдени.

Полицијата и обвинителството продолжуваат со истрагата за утврдување на сите околности на трагедијата.

Засега нема официјални информации за мотивите што довеле до убиството, ниту потврда дека осомничениот е пронајден.