Португалската фудбалска суперѕвезда Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието на светската јавност со изјавата дека се смета себеси за најдобриот фудбалер во историјата.
Во интервју за Си-ен-ен, чии делови ги пренесе „Атлетик“, напаѓачот на Ал Наср порача дека неговите достигнувања и голгетерски рекорди не добиваат доволно признание.
„Луѓето не ја ценат доволно играта што ја покажувам, ниту головите што ги постигнувам“, изјави Роналдо.
Според објавените податоци, португалскиот ас досега постигнал 980 голови на 1.337 професионални натпревари за клубовите и репрезентацијата.
Со тоа, му недостигаат уште само 20 погодоци за да ја достигне историската граница од 1.000 голови.
Иако признава дека оваа бројка претставува голема цел, Роналдо нагласува дека не е опседнат со неа.
„Тоа е цел кон која се стремам, но не размислувам премногу далеку во иднината. Сè треба да се случува природно“, објасни тој.
Португалецот беше особено категоричен кога зборуваше за своето место во фудбалската историја.
„Дури и да имав постигнато 920, 925 или 930 голови, јас и понатаму сум најдобриот фудбалер во историјата и точка. Бројките се непобитни“, порача Роналдо.
Тој се осврна и на можноста за завршување на кариерата, признавајќи дека не знае колку долго ќе продолжи да игра.
„Можеби еден ден ќе се разбудам, ќе ја изгубам мотивацијата и едноставно нема да сакам повеќе да играм“, изјави Роналдо.
И покрај неизвесноста околу пензионирањето, п








