ПРВ.мк
Свет

Киев во мрак и студ: Зеленски признава – состојбата е полоша од очекуваното

Киев во мрак и студ: Зеленски признава – состојбата е полоша од очекуваното
Kristal

Киев се соочува со една од најтешките зими од почетокот на војната, откако масовни напади ја погодија енергетската инфраструктура. Повеќе од 1.000 станбени згради останаа без греење, а илјадници граѓани минуваат денови во студ и неизвесност.

Украинските власти потврдуваат дека штетите се сериозни и дека обновата оди тешко, додека претседателот Володимир Зеленски отворено призна дека ситуацијата е „екстремно тешка“, особено во регионите блиску до линијата на судир.

Според него, нападите не се случајни и се изведени токму во период на екстремни температури, со цел дополнително да се зголеми притисокот врз цивилното население. На терен се ангажирани стотици екипи кои се обидуваат да ги санираат дефектите и постепено да ја вратат струјата, водата и греењето.

Во изминатите денови се регистрирани десетици удари врз енергетски објекти, а прекините во снабдувањето продолжуваат да ја влошуваат секојдневната состојба на граѓаните. Властите предупредуваат дека следните денови ќе бидат клучни и апелираат на трпение додека траат интервенциите.

FixCredit
Escape