ПРВ.мк
Македонија

ВИДЕО КОЕ ГО КРЕНА РЕГИОНОТ НА НОЗЕ: Снимен моментот кога напаѓачот со брутален удар ја крши вратата на бугарската амбасада во Скопје

ВИДЕО КОЕ ГО КРЕНА РЕГИОНОТ НА НОЗЕ: Снимен моментот кога напаѓачот со брутален удар ја крши вратата на бугарската амбасада во Скопје
Kristal

Бугарската амбасада во Скопје објави видео-снимка од безбедносните камери на која јасно се гледа моментот на нападот врз дипломатскиот објект. На снимката се забележува лице кое се приближува до влезот, а потоа со силен и намерен удар ја крши стаклената врата, по што веднаш го напушта местото.

Од Амбасадата реагираа остро, посочувајќи дека ваквите инциденти не се изолирани и дека, според нив, долгогодишниот неказнет говор на омраза и нападите врз бугарски здруженија создаваат атмосфера во која ваквите дела се охрабруваат. Тие информираа дека надлежните институции во Македонија се известени и дека очекуваат соодветна реакција.

Македонското Министерство за надворешни работи го осуди инцидентот, нагласувајќи дека станува збор за недозволив напад врз дипломатски објект. Од МНР соопштија дека ваквите постапки се спротивни на меѓународните норми и дека државата ќе постапи согласно законските обврски.

Министерството за внатрешни работи потврди дека случајот бил регистриран преку видео-надзорот на амбасадата и дека полицијата презема мерки за идентификација на сторителот и целосно расчистување на настанот.

Во меѓувреме, бугарското Министерство за надворешни работи реагираше со остра осуда, оценувајќи го нападот како сериозен инцидент и прекршување на дипломатските конвенции. Од Софија побараа брза и ефикасна истрага, како и јасни гаранции за безбедноста на бугарската дипломатска мисија во Скопје, најавувајќи дека внимателно ќе го следат понатамошниот развој на случајот.

FixCredit
Escape