ПРВ.мк
Скопје

Главниот град повторно без вода - еве кој улици се зафатени!

Главниот град повторно без вода - еве кој улици се зафатени!
Kristal

Поради настанат уличен дефект, од 09:00 часот без водоснабдување останаа дел од жителите во скопската општина Карпош. Како што информира ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот се однесува на повеќе улици и делови од населбата.

Вода немаат корисниците од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, „Алжирска“, „Каирска“, „Бахар Моис“, како и делови од улиците „Атинска“, „Римска“, „Панче Пешев“, „Наум Евро“ и дел од „Багдатска“.

Од јавното претпријатие посочуваат дека прекинот е резултат на технички дефект на уличната водоводна мрежа, поради што е неопходно привремено исклучување на водоснабдувањето додека трае санацијата. Екипите се на терен и работат на отстранување на проблемот, по што водоснабдувањето ќе биде нормализирано за сите засегнати корисници.

FixCredit
Escape