ПРВ.мк
Македонија

Ова што доаѓа ќе ги изненади сите – подгответе се за драстична промена низ цела Македонија

Ова што доаѓа ќе ги изненади сите – подгответе се за драстична промена низ цела Македонија
Kristal

Денеска времето ќе биде студено и променливо облачно, со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието и во источните делови повремено ќе биде засилен и ќе достигнува брзина од над 60 километри на час, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури ќе се движат од -13 до -5 степени, додека дневните максимални ќе бидат меѓу -4 и 3 степени.

Во Скопје се очекува променливо облачно и студено време со сончеви интервали. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој претпладне во делови од котлината повремено ќе биде засилен. Утринската температура ќе се спушти до -9 степени, а дневната ќе достигне до 2 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови следува стабилно и суво време, со многу студени утра и негативни температури насекаде. Во вторник на одделни места и дневните температури ќе останат под нулата, додека од среда се очекува постепен пораст. Од средината на седмицата, по котлините ќе има услови за појава на магла.

FixCredit
Escape