ПРВ.мк
Свет

Хорор на улица: Напаѓач со нож трчал по улица – граѓани спречиле поголема трагедија!

Хорор на улица: Напаѓач со нож трчал по улица – граѓани спречиле поголема трагедија!

Сериозен инцидент го потресе Лондон, откако две лица биле избодени со нож во населбата Голдерс Грин, позната по големата еврејска заедница.

Според информациите на Шомрим, напаѓачот бил маж кој трчал по главната улица вооружен со нож, обидувајќи се да нападне припадници на еврејската заедница.

Како што пренесува Ројтерс, токму брзата реакција на присутните граѓани спречила ситуацијата да ескалира во уште поголем напад. Тие успеале да го совладаат напаѓачот и да го задржат до доаѓањето на полицијата.

Полицијата потоа го уапсила осомничениот, при што користела електрошокер за да го неутрализира.

Од Community Security Trust соопштиле дека се во тесна координација со полицијата и апелирале до сите кои имаат информации за настанот веднаш да се обратат до надлежните служби.

Во меѓувреме, се посочува дека во изминатиот месец британските антитерористички служби уапсиле повеќе од 20 лица во рамки на истраги поврзани со напади врз објекти поврзани со еврејската заедница, што дополнително ја зголемува загриженоста околу безбедноста.