ПРВ.мк
Свет

Израел уби висок ирански командант што го финансираше Хамас

Израел уби висок ирански командант што го финансираше Хамас

Израел денеска соопшти дека во напад во иранскиот град Ком ликвидирал висок командант на Палестинскиот корпус на силите Кудс, надворешниот огранок на Иранската револуционерна гарда. Саид Изади, кој според израелскиот министер за одбрана Израел Кац, го финансирал и вооружувал Хамас пред нивниот напад врз Израел на 7 октомври 2023 година, беше убиен во својот дом.

Кац го оцени убиството како „големо достигнување“ за израелската разузнавачка служба и воздухопловни сили.

Иранската револуционерна гарда потврди дека петмина нејзини припадници загинале во нападите во Хорамабад, но не го спомена Изади. Во нападот во Ком, според иранските медиуми, загина и 16-годишно момче, а беа повредени две лица.

Во истиот период, Иран лансираше ракетен напад врз Израел, што предизвика активирање на израелските системи за противвоздушна одбрана над Тел Авив. Израел одговори со нов бран воздушни напади врз воени цели во Иран, меѓу кои и локации за производство на ракети и истражувачки центри поврзани со нуклеарен развој.

Сподели го овој напис

Најнови вести