Шумски пожар со разорен интензитет избувна во близина на турскиот град Измир, предизвикувајќи евакуација на цели населби. Огнената стихија, поттикната од силниот ветер и високите температури, се прошири до станбени зони, предизвикувајќи паника и значителна материјална штета.
Локалните власти мобилизираа противпожарни сили, општински служби и авијација, но временските услови ја отежнуваат интервенцијата. Пожарот го зафати и просторот околу Аеронаутичкото училиште и пикник-зоната Сарнич, што доведе до затворање и доцнење на летови од аеродромот „Аднан Мендерес“.