ПРВ.мк
Македонија

Фотографија што ја разбесни цела јавност: Две згради толку блиску што соседите можат да си влезат преку прозорец

Фотографија што ја разбесни цела јавност: Две згради толку блиску што соседите можат да си влезат преку прозорец
Escape

Во една фејсбук група за стари скопјани се појави фотографија која предизвика лавина реакции и револт. На неа се гледаат две згради на Бит Пазар, изградени толку тесно една до друга што едноставно нема простор ни за воздух помеѓу нив.

„Токму вака ни го уништија Скопје оние што немаат чувство за градот“, пишува еден член на групата, безмилосно критикувајќи го просторното планирање и архитектурата.

Покрај градските власти и инвеститорите, во коментарите се обвинија и граѓаните кои свесно купуваат станови во вакви претесни објекти, создавајќи дополнителен проблем.

Дали ова е почеток на распадот на градското лице на Скопје? Жителите се прашуваат каде исчезна здравиот разум кога се градеше ова.

Mia Home Mavrovo