Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, преку својот Фејсбук испрати сериозна закана до новинарот Драган Павловиќ – Латас, откако тој наводно го навредил покојниот татко на Костадинов во јавна изјава.
Во статусот, Костадинов вели дека нема да има тужби, туку лично и трајно враќање на „долгот“. Осудувајќи го спомнувањето на неговиот татко како удар под појас, тој порачува: „Кога ќе шеташ по улица ќе гледаш преку рамо. Нема да знаеш од кај ќе дојде наплатата.“
Тој додава дека не станува збор за медиумска полемика, туку за „суд според наши вредности“ и заклучува со предупредување: „Стапот има два краја. Твојот е безмилосен.“
