ПРВ.мк
Магазин

Работеле „на црно“ – сега тоа им е пречка за на патот до Хрватска

Работеле „на црно“ – сега тоа им е пречка за на патот до Хрватска
Escape

Иако имаат искуство во угостителството, многу Македонци не можат да го докажат бидејќи работеле непријавено. А токму тоа е клучниот услов за работа во Хрватска – да се покаже листа за стаж или потврда од поранешниот работодавач за најмалку 6 месеци искуство.

Симона Цветковска од агенцијата Мацедо ХРМ објаснува дека ова е чест проблем: „Луѓето работеле кај познати, непријавени, си ја знаат работата, но без документ не ги примаат. На некои им бараат листа за стаж, на други – потврда. Без еден од тие документи, апликацијата паѓа.“

Има и примери на искусни работници со долгогодишен стаж, кои успешно се вработиле, но и на оние кои поради вакви административни пречки се откажуваат.

Од април 2025 Хрватска ги заостри правилата за странски работници – бараат потврдено искуство, одговорноста ја префрлаат и на работодавачите, а сето тоа со цел подобра заштита на странските работници.

Се проценува дека веќе над 15.000 Македонци работат на Јадранот. Херојите на туризмот, но само ако им се совпадат документите.

Mia Home Mavrovo