ПРВ.мк
Балкан

Планирале насилен упад во Србија: Уапсени шест лица од повеќе градови

Планирале насилен упад во Србија: Уапсени шест лица од повеќе градови
Escape

Во координирана акција на белградското обвинителство, полицијата и БИА, уапсени се шестмина осомничени за подготовка на насилна промена на уставниот поредок. Лицата се приведени во Белград, но доаѓаат од различни градови – Зајечар, Смедерево, Крагуевац, Белград, Сомбор и Ниш.

Според обвинението, тие на 20 и 21 јуни организирале состаноци во простории на Електротехничкиот и Градежниот факултет во Белград. Се сомничи дека таму планирале протести, блокади на патишта и институции, како и насилни активности, користејќи го барањето за избори само како изговор. Наводно, ниту планирале да учествуваат на тие избори, дури и ако биле распишани.

Обвинетите се задржани до 48 часа, а потоа ќе бидат изведени пред обвинител.

Mia Home Mavrovo