Триесет и седумгодишен кумановец се сомничи дека извршил две кривични дела додека бил пуштен на викенд од затвор.
– На 28.06.2025 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Ф.(37) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од МВР, кај лицето биле пронајдени над 550 таблети, мобилни телефони и други предмети од кражба.
– Потоа е утврдено дека М.Ф. е осуденик од Казнено поправната установа Идризово, кој бил пуштен на викенд отсуство. При преглед кај него се пронајдени и одземени 551 таблети, мобилни телефони и други предмети кои се предмет на кривични дела „тешка кражба“ и „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични“.
По целосно документирање на случајот, како што велат од полицијата, ќе следува соодветен поднесок, а М.Ф. бил спроведен до КПУ.