Портпаролот на иранското Министерство за правда, Асгар Џахангир, објави дека во 12-дневниот конфликт со Израел загинале 935 лица, вклучувајќи 38 деца и 132 жени. Форензичката истрага сè уште трае, а бројот на жртви би можел да се зголеми со оглед на разрушените згради и урнатини.
Конфликтот започна на 13 јуни 2025, кога Израел отпочна воздушна офанзива против ирански нуклеарни и воени објекти. Примирје беше постигнато на 25 јуни со посредство на Доналд Трамп, и покрај неколкуте прекршувања на прекинот на огнот.