ПРВ.мк
Свет

Москва ја испраќа најсилната порака до Киев: Украинците и Русите се всушност еден народ

Москва ја испраќа најсилната порака до Киев: Украинците и Русите се всушност еден народ
Escape

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и претседател на Руското воено-историско друштво, изјави дека Русија и Украина имаат заедничка историја и дека народот во двете земји е еден. Во интервју за ТАСС, Медински потенцира дека официјалната руска позиција е дека не се создава посебна образовна содржина за украинските ученици, бидејќи се смета дека двете земји имаат „една историска татковина“.

Тој нагласи дека историските материјали не прават разлика помеѓу руските и украинските деца и ја истакна почитта кон украинскиот народ, кој живее на територии што Русија ги смета за дел од својата историја, вклучувајќи ја и Новорусија и Крим. Медински изрази надеж дека наскоро украинските ученици и возрасни ќе имаат пристап до рускиот интернет-простор без ограничувања.

Овие изјави ја потврдуваат официјалната руска реторика за културно и историско единство со Украина, која предизвикува контроверзии и остри критики во меѓународната заедница.

Mia Home Mavrovo