ПРВ.мк
Македонија

„Планови за убиства уште во 2022 – кој ги штитеше?“ Туфегџиќ со силни обвинувања за истрагата

„Планови за убиства уште во 2022 – кој ги штитеше?“ Туфегџиќ со силни обвинувања за истрагата
Escape

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој го застапува Александар Ѓорчески во случајот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, во емисијата „Претрес со Ландов“ постави сериозни прашања околу постапката на институциите и истакна сомнежи за прикривање на организирана група.

Туфегџиќ посочи дека уште од септември 2022 година постоеле планови за ликвидации и списоци со потенцијални жртви. Тој се повика на сведочењето на Велибор Манев и праша зошто истрагата не тргнала во таа насока веднаш, туку била пренасочена, па дури и се обидувала да го инволвира таткото на жртвата.

„Без логистика од внатре, вакви злосторства не се организираат“, рече тој, повикувајќи на проширување на истрагата и откривање дали некоја институција обезбедувала прикриена поддршка на групата.

Mia Home Mavrovo