ПРВ.мк
Свет

Голема полициска акција: Во пратка со рози пронајдени дури 100 килограми кокаин

Голема полициска акција: Во пратка со рози пронајдени дури 100 килограми кокаин

Во пратка со рози што пристигнала од Колумбија на атинскиот аеродром „Елефтериос Венизелос“ биле откриени дури 100 килограми кокаин, а во акцијата биле уапсени шест лица.

Според информациите што ги објави грчки „Катимерини“, дрогата ја откриле службеници на Независната управа за јавни приходи (ААДЕ), користејќи информации добиени од канцеларијата на американската Агенција за борба против дрога (ДЕА) во Атина.

Мнозинството од уапсените, според објавените информации, се албански државјани.

Четири лица биле уапсени директно на аеродромот, каде што наводно требало да ја преземат пратката со кокаин. Другите двајца биле приведени во источниот дел на Атика, поширокиот регион на Атина, каде што се претпоставува дека дрогата требало да биде складирана.

Во операцијата учествувале и припадници на Дирекцијата за борба против организираниот криминал.