ПРВ.мк

Германските разузнавачи открија од каде навистина потекнал Коронавирусот

Германските разузнавачи открија од каде навистина потекнал Коронавирусот
VERO Banner

Коронавирусот, кој се прошири низ светот пред пет години и го блокираше животот во многу земји, потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, според германската Федерална разузнавачка служба (BND), како што објавија германските и швајцарските медиуми.

„BND поседува јасни докази дека вирусот Sars-CoV-2 потекнува од Институтот за вирологија во Вухан“, објавија медиумите.

Според овие наводи, германската разузнавачка служба уште во 2020 година имала докази дека коронавирусот се проширил низ градот, а подоцна и низ целиот свет поради „лабораториска несреќа“ во Вуханскиот институт, во чие основање учествуваа и САД и Франција.

Заклучокот е донесен по анализа на податоци собрани од отворени извори и медиуми, кои наводно стигнале до германските власти како дел од разузнавачката операција „Saaremaa“. Податоците покажуваат дека во институтот биле користени „ризични методи“ на истражување, надополнети со „прекршување на безбедносните правила во лабораторија“.

Медиумите наводно пренесуваат дека истражувачите од Вухан спроведувале експерименти за зголемување на функцијата на вирусите, што може да предизвика промени во преносливоста на вирусот и неговата способност да заразува различни домаќини.

Резултатите од истражувањето на BND имаат точност од 85 до 90 проценти. Тогашната канцеларка Ангела Меркел, според медиумите, го спречила објавувањето на овие податоци, а нејзиниот наследник Олаф Шолц го направил истото. Портпаролката на германската влада одби да ги коментира медиумските извештаи, велејќи дека владата не ја коментира работата на тајните служби.

Податоците што ги има BND биле подложени на вештачење од група научници, но тие сѐ уште се поделени околу теоријата за потеклото на вирусот.

Стручњаците нагласуваат дека недостигаат „конечни докази“ дека вирусот потекнува од лабораторија и веруваат дека тој се пренел од животни на луѓе на фарми.

„Кинеските научници имаат механизми да обезбедат докази дека вирусот навистина настанал природно, но досега немаат објавено студија која тоа ќе го докаже“, изјави германскиот виролог Кристијан Дростен.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран