Македонската ракометна репрезентација одигра одличен прв дел, но потоа попушти и претрпе пораз од Словенија (26-32) во Скопје, во рамките на третото коло од квалификациите за Европското првенство.
Ова е втор неуспех за нашата селекција во овој циклус, но нема време за одмор – веќе во недела следи нов дуел со Словенија, овој пат во Копер.
Младиот среден бек Марко Митев по натпреварот го сподели своето видување:
„Имавме многу квалитетен старт, но во финишот на првото полувреме пропуштивме шест гола предност. Тоа не смее да се случи против селекција која играше полуфинале на ЛОИ. Словенија е поквалитетна, но ќе се подготвиме и во реваншот ќе одиме на изненадување. Ако сакаме победа, мора да ги исправиме денешните грешки и да ја подобриме одбраната.“
Одлуката за пласманот на Европското првенство ќе падне во мај, кога Македонија ќе гостува во Естонија и ќе ја пречека Литванија во клучниот меч.