Бразилката Јанaина Празерес, која беше прогласена за “најубавата жена на светот” во едно издание на Playboy, нашла проблеми на бразилскиот аеродром. Моделката, која е подложена на повеќе од 20 пластични операции, изјавила дека ја запреле на аеродромот и побарале да го потврди својот идентитет. Не верувале дека таа е онаа што ја прикажува пасошот.
„Знаев дека ова може да се случи, бидејќи мојот изглед значително се променил во последните години. Но, во тој момент, тоа беше шок за мене. Не очекуваш да те запрат ако не си направил нешто лошо“, изјави Јанaина. На крајот, работниците ѝ поверувале дека таа е навистина таа и дека не користи туѓа патна исправа.