ПРВ.мк
Свет

(ФОТО) Шесткатна зграда се урна рано утрово во Турција – луѓе заробени под урнатините!

(ФОТО) Шесткатна зграда се урна рано утрово во Турција – луѓе заробени под урнатините!

Шесткатна зграда се урна во населбата Гебзе, во Коџаели, рано утрово по непознати причини. На местото на настанот веднаш беа испратени бројни спасувачки екипи, кои трагаат по затрупани лица.

Градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз, изјави дека постојат извештаи дека во зградата живееле две семејства со по седум члена, но сè уште не е јасно дали сите лица биле присутни во моментот на уривањето.

Ситуацијата е критична, а спасувачките операции се во тек.

Escape