ПРВ.мк
Македонија

Ова е имотот на директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми, кој заврши во притвор

Ова е имотот на директорот на „Комунална хигиена“ Сабахадин Рустеми, кој заврши во притвор

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, кадар на ДУИ, кој доби 30-дневен притвор заедно со раководителот за отпад Аки Саити, пријавил скромен имот во својата анкетна листа поднесена до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Истрагата против Рустеми и Саити е отворена поради сомневање за кривично дело – загрозување на животната средина и природата со отпадни материи. Двајцата се приведени за да не ја попречат истрагата, да не влијаат врз сведоци и да не го повторат делото.

Според податоците објавени од еМагазин, Рустеми до Антикорупциската комисија пријавил:

  • Стан во скопската општина Сарај, запишан на негово име.
  • Еден активен кредит, чии детали не се наведени во јавниот дел на листата.
  • Месечна плата од позицијата директор на јавното претпријатие.

Овие информации стануваат јавен интерес откако претпријатието со денови не го собираше сметот во Скопје, што дополнително ја зголеми тензијата околу раководството на „Комунална хигиена“.

Во моментов, и Рустеми и Саити остануваат во притвор, додека Обвинителството продолжува со собирање докази во случајот кој го привлече вниманието на јавноста.

Escape