ПРВ.мк
Македонија

ИЗМАМА ВО КУМАНОВО : Жена останала и без пари и без патување- еве ги деталите!

ИЗМАМА ВО КУМАНОВО : Жена останала и без пари и без патување- еве ги деталите!

Жена од Куманово пријави дека била измамена од вработен во туристичка агенција во Скопје, кој зел 2.000 евра кеш за патување, но не ѝ дал сметка за уплатата и не ѝ овозможил платениот аранжман. На крајот, вработениот престанал да одговара на нејзините повици.

„На 28 октомври 2025 година, 28-годишна жена од Куманово пријави во СВР Скопје дека била измамена од лице вработено во туристичка агенција за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, кон крајот на февруари 2025 година, таа посетила агенцијата за да изврши уплата за патување. Лицето побарало парите да му се дадат веднаш во кеш, а сметката да ѝ биде издадена во наредните денови. Неколку пати се обидела да го контактира телефонски, но добивала одговор дека не може да ги обезбеди потребните документи за патување. Кога побарала да ѝ ги вратат парите, лицето повеќе не одговарало на повиците“, соопшти полицијата.

Според истото соопштение, се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на вработениот.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape