ПРВ.мк
Македонија

Второ поскапување на дизелот оваа недела – еве колку ќе чини од утре!

Второ поскапување на дизелот оваа недела – еве колку ќе чини од утре!

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за ново, второ по ред поскапување на дизел горивото оваа недела.

Од полноќ, цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2 денари по литар и ќе изнесува 70 денари.

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98+ остануваат непроменети — првиот ќе се продава за 73,5 денари, а вториот за 75,5 денари по литар.

Исто така, екстра лесното масло за домаќинство останува со иста цена од 67,5 денари, додека мазутот ќе се продава по 36,1 денар за килограм.

Ова е второ зголемување на цената на дизелот во рок од неколку дена, што дополнително ќе влијае на транспортните трошоци и цените на основните производи.

Escape