ПРВ.мк
Свет

БЕЗ ПРЕСЕДАН ВО ГЕРМАНИЈА: Над 22.000 граѓани го сменија својот род!

БЕЗ ПРЕСЕДАН ВО ГЕРМАНИЈА: Над 22.000 граѓани го сменија својот род!

Повеќе од 22.000 германски граѓани официјално го промениле својот родов идентитет откако во ноември 2024 година стапи во сила новиот Закон за самоопределување, кој овозможува промена на родот и името без медицинска проценка и долги правни процедури.

Овој закон, кој се смета за една од најконтроверзните реформи во германското општество, им овозможува на лицата да го сменат родот запишан при раѓањето и името со едноставна изјава во матичното одделение, без потреба од психијатриски или медицински извештаи.

Според новите прописи, граѓаните може да изберат меѓу категориите машки, женски, различен или без спецификација, објави германската агенција ДПА.

Претходно, според стариот Закон за транссексуалци, оние што сакаа да го променат својот род мораа да поминат долг, скап и понижувачки процес, кој вклучуваше медицинска и психолошка проценка, а понекогаш траеше и со години. Новата реформа ги укина овие ограничувања, со што постапката стана едноставна и пристапна за сите полнолетни лица.

Податоците на Сојузната служба за статистика покажуваат дека само во првиот месец по стапувањето во сила на законот – ноември 2024 година, својата евиденција ја промениле 7.057 лица. Во декември бројката паднала на 2.936, а до јули 2025 година биле регистрирани уште 1.244 промени.

За споредба, во 10-те месеци пред донесувањето на законот, на целата територија на Германија само 596 лица успеале правно да го променат својот род.

Сепак, процесот не е целосно административно едноставен – за да се поднесе изјава во матичното одделение, потребно е три месеци однапред да се закаже термин.

Поддржувачите на законот велат дека ова е историски чекор кон поголема слобода и човекови права, додека критичарите предупредуваат на можни злоупотреби и правна несигурност во иднина.

Не дознавај последен- читај ПРВ.мк

Escape