Поранешниот фронтмен на групата Спандау Балет, Рос Дејвидсон (37), прогласен е за виновен за силување на една жена, како и за обид за силување и сексуален напад врз друга жена.
Поротата на Крунскиот суд вчера го осуди по сите точки од обвинението, по повеќе од 11 часа расправа.
Дејвидсон, кој настапувал под уметничко име Рос Вајлд (Ross Wild), бил фронтмен на бендот во 2018 година, а исто така учествувал и во мјузиклот We Will Rock You.
Според сведочењата на жртвите: една од жените изјавила дека била нападната во март 2015 година додека спиела во неговиот кревет во Лондон, чувствувајќи се „немоќна“ и „присилно исплашена за да реагира“. Втората жена раскажала дека во декември 2019 година се разбудила во хотелска соба на Тајланд и го затекнала Дејвидсон како се обидува да ја силува без нејзиното согласување и без кондом. Таа успеала смирено да го спречи, по што тој ѝ рекол: „Фала што беше кул во врска со ова“.
Дејвидсон претходно признал вина за војеризам на Тајланд, бидејќи тајно снимал една жена додека таа спиела. На неговиот телефон бил пронајден видеозапис каде се гледа како ја допира додека таа била „во сон, неподвижна и без реакција“ и „полугола“. Жртвата не била свесна за снимката се до 2023 година, кога ја известила полицијата.
Оваа пресуда ја потресе музичката сцена, отворајќи дебата за злоупотребата на моќ и доверба во шоу-бизнисот.


















