Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајна несреќа која се случи во вторник во близина на Темишвар, Романија.
Комбе со навивачи на солунскиот клуб се судри со камион кој се движел од спротивната насока на патот DN6, кој локалните жители го нарекуваат „пат на смртта“.
Локалните медиуми јавуваат дека оваа несреќа е најтешката што се случила во последните најмалку 20 години во овој регион.
Возачот на камионот, полски државјанин, изјави дека бил длабоко шокиран од трагедијата:
– „Возам камион 34 години и никогаш во животот не сум видел вакво нешто. Во животот сум извозел над 1.000.000 километри и ова е прв пат да се соочам со таква ситуација“, рече тој за романските медиуми.
Несреќата ја потресе спортската јавност, а локалните власти продолжуваат со истрага за причините и околностите на трагичниот настан.

















