ПРВ.мк
Македонија

НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА, А ЗЕМАЛЕ ПЛАТА: Екс-градоначалник дозволил да „испарат“ 130.000 евра од општинската каса!

НЕ ОДЕЛЕ НА РАБОТА, А ЗЕМАЛЕ ПЛАТА: Екс-градоначалник дозволил да „испарат“ 130.000 евра од општинската каса!
Kristal

Поранешниот градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари, е пријавен за злоупотреба на службената положба, откако полицијата утврдила дека со години исплаќал плати на лица кои воопшто не оделе на работа. Со ова, општинскиот буџет бил оштетен за околу 130 илјади евра.

Кривичната пријава ја поднело ОВР Кичево и опфаќа периодот од 2021 до 2025 година, кога Дехари ја извршувал функцијата градоначалник. Според наодите на полицијата, тој склучил договори за вработување со четири лица спротивно на законските прописи, а потоа им дозволил месеци, па и години, да не се појавуваат на работа, додека редовно земале плата и други надоместоци од општинската каса.

„Со пропуштање на должен надзор, осомничениот дозволил исплата на плати и придонеси, иако лицата не ги извршувале работните обврски“, наведуваат од полицијата.

Покрај поранешниот градоначалник, пријавени се и четири лица – Ф.А. (62) од Зајас, А.Н. (38) од Србица, Х.Б. (37) од Црвевци и Б.С. (36) од Стрелци, кои се товарат за перење пари и други приноси од казниво дело.

Според наодите, тие примиле вкупно околу 86 илјади евра, иако знаеле дека средствата се стекнати незаконски. Секој од нив добивал различен износ на својата лична сметка, без реално да работи во Општината. Работниот однос не им бил прекинат ниту по истекот на законскиот рок, што дополнително ја зголемило штетата за буџетот на Општина Кичево.

Кривичната пријава е доставена до надлежното обвинителство, кое треба да одлучи за понатамошните чекори во постапката.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape