ПРВ.мк
Свет

Фон дер Лајен јасна: Северна Македонија нема „план Б“, само реформи за членство во ЕУ

Фон дер Лајен јасна: Северна Македонија нема „план Б“, само реформи за членство во ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи дека земјите од Западен Балкан, вклучително и Северна Македонија, можат да станат дел од Европската унија исклучиво врз основа на исполнување на поставените услови и сопствени заслуги.

На прашање за руското влијание во регионот и дали постои „план Б“ за интеграцијата на Северна Македонија, фон дер Лајен изјави дека проширувањето е во интерес на ЕУ и дека секој кандидат ќе биде оценет според реформите и условите што му се поставени. Таа додаде дека Русија се обидува да дестабилизира регионот, но дека ЕУ ќе продолжи да ги поддржува своите партнери.

Фон дер Лајен посочи дека поддршката од ЕУ е важна за борбата со хибридни напади и мешања, но дека на земјите кандидати им припаѓа право на слободен избор за членство. Таа нагласи дека процесот на проширување бара време, но е клучен за стабилноста и безбедноста на континентот, и дека успешното исполнување на реформите останува основа за идното членство на Северна Македонија.

Escape