ПРВ.мк
Свет

МИСТЕРИЈА ПО ЗАВРШЕНА МИСИЈА: Војници исчезнаа без трага во Мароко - државата на нозе!

МИСТЕРИЈА ПО ЗАВРШЕНА МИСИЈА: Војници исчезнаа без трага во Мароко - државата на нозе!

Двајца американски воени лица исчезнале во југозападен Мароко по учество во мултинационалната воена вежба Африкански лав, соопшти Африканската команда на САД (AFRICOM).

Според информациите, војниците исчезнале во близина на градот Тан Тан, во подрачјето кај полигонот Кап Дра, покрај Атлантскиот Океан.

САД, Мароко и други земји-учеснички во вежбата започнале операција за пребарување и спасување, додека инцидентот е предмет на истрага.

Воената вежба „Африкански лав“, која се организира од 2004 година, важи за најголема заедничка американска воена вежба на африканскиот континент и оваа година се одржува во повеќе земји, меѓу кои Мароко, Тунис, Гана и Сенегал.

Според американските власти, целта на вежбата е зајакнување на регионалната безбедносна соработка и подобрување на подготвеноста за справување со глобални безбедносни предизвици.