ПРВ.мк
Свет

ТРАМП ПОД ОГАН: Прв човек на Њујорк жестоко против нападот врз Венецуела

ТРАМП ПОД ОГАН: Прв човек на Њујорк жестоко против нападот врз Венецуела
Kristal

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, упати остри критики кон американската воена операција во Венецуела, во која беа уапсени венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес. Според Мамдани, станува збор за едностран чин што претставува кршење на американскиот Устав и меѓународното право.

Во објава на социјалната мрежа X, градоначалникот наведе дека бил официјално информиран за апсењето и за плановите Мадуро да биде префрлен во федерален затвор во Њујорк. Тој оцени дека ваквиот потег претставува опасен преседан и директен притисок за промена на режимот во суверена држава.

Мамдани предупреди дека последиците од операцијата не се ограничени само на меѓународната сцена, туку имаат директно влијание и врз Њујорк, каде живеат десетици илјади граѓани со венецуелско потекло. Според него, безбедноста на тие заедници е приоритет за градските власти.

„Оваа ситуација создава дополнителна нестабилност и страв кај луѓето кои Њујорк го сметаат за свој дом. Градската администрација внимателно ја следи состојбата и ќе издава навремени информации и насоки“, порача Мамдани.

Од другата страна, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Држави привремено ќе ја „водат Венецуела“ сè додека не се воспостави, како што рече, безбедна и уредна политичка транзиција. Тој најави и влез на американски нафтени компании во земјата.

Главниот обвинител на САД, Пам Бонди, потврди дека против Мадуро и Флорес се поднесени обвиненија пред федерален суд во Њујорк, каде што ќе им се суди по нивното пристигнување во Соединетите Држави.

FixCredit
Escape