Иран денеска истрела нови салви ракети кон Израел, при што најмалку три лица се повредени во нападите врз Тел Авив.
Според информациите, сирените за воздушна опасност се огласиле низ централниот дел на земјата, по што жителите се засолниле во засолништа. Неколку ракети погодиле делови од централниот Израел и подрачјето на Тел Авив, предизвикувајќи штета на најмалку 23 локации.
Од почетокот на конфликтот, иранските ракетни напади во Израел одзеле околу десет животи, додека поголем број лица се повредени.
Во меѓувреме, Меѓународниот комитет на Црвениот крст соопшти дека повеќе од 1.300 луѓе загинале во Иран во нападите извршени од САД и Израел.
Според локални претставници, во израелските воздушни напади врз Либан загинале уште 820 лица.
Во конфликтот животот го загубиле и најмалку 13 припадници на армијата на Соединетите Американски Држави.
Извор: Скопје1.мк.


















