Енергетскиот колапс што ја погоди Шпанија на 28 април не бил хакерски напад, туку последица на серија технички дефекти и слабости во контролата на мрежата, покажува официјалниот извештај. Сè започнало во 12:03 часот со фреквенциски осцилации кои довеле до преоптоварување и масовно исклучување на генератори ширум земјата. До 12:33 часот Шпанија ја изгубила врската со европската мрежа.
Иако снабдувањето било обновено во рок од неколку часа, истрагата открила низа сериозни пропусти: неактивни централи, заштитни системи што ја влошиле ситуацијата и генератори што се исклучиле пред критичната точка. Не беа пронајдени докази за сајбер напад, но беше предложено засилување на безбедносните протоколи и имплементација на нови европски стандарди.
Извештајот завршува со јасна порака – системот мора да стане поотпорен и поефикасен, пред следниот стрес тест да стане катастрофа.