Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро го критикуваше писмото на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во кое таа ги повикува земјите-членки на ЕУ да обезбедат дополнителни финансиски средства за Украина.
Орбан истакна дека ваквото барање потсетува на обид да се помогне на алкохоличар со испраќање уште една гајба вотка. „Во време кога е јасно дека воената мафија зема пари од европските даночни обврзници, наместо да се воведе вистински надзор или да се суспендираат плаќањата, претседателката на Комисијата предлага да испратиме уште повеќе“, напиша Орбан на „X“.
Тој додаде дека барањето е зачудувачко и потенцираше: „Унгарија не го изгубила здравиот разум“.
Претходно, Фон дер Лајен во писмото наведува дека постојат три можности за финансирање на потребите на Украина, вклучително заем кој користи замрзнати руски средства како гаранција.
















