ПРВ.мк
Свет

Опасност над ЕУ: Руски дронови погодиле брод со гас - погледнете ги деталите во текстот

Опасност над ЕУ: Руски дронови погодиле брод со гас - погледнете ги деталите во текстот
Kristal

Романските власти евакуираа село на границата со Украина откако руски дронови погодиле и запалиле танкер натоварен со гас на Дунав, во украинскиот регион Одеса, само неколку метри од територијата на ЕУ и НАТО.

„Селото Плауру се наоѓа на кратко растојание од запалениот брод, кој може да експлодира во секое време. Проверивме секоја куќа, ги отстранивме животните и го затворивме сообраќајот. Опасноста е голема“, изјави Тудор Чернега, градоначалникот на општината Четалкиој, за романските медиуми.

Романскиот Оддел за вонредни ситуации потврди дека пожарот е резултат на напад со дрон извршен на територијата на Украина во неделата вечер, што предизвикало брод натоварен со течен гас да се запали во пристанишниот град Измаил, близу границата со Романија.

Според медиумите, нападнатиот брод „Оринда“ плови под турско знаме, носел 4.000 тони течен гас, а никој од 16-члениот персонал не е повреден. Нападот се случи само ден откако украинскиот претседател Володимир Зеленски потпиша договор за увоз на американски течен гас преку овој регион.

Escape