ПРВ.мк
Македонија

Земјотрес регистриран во Македонија - еве каде беше епицентарот

Земјотрес регистриран во Македонија - еве каде беше епицентарот
Kristal

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, преку сеизмолошките станици на територијата на државата, кои се одржуваат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска во 15:48 часот регистрира земјотрес.

Епицентарот на земјотресот беше во пограничното подрачје Благоевград, на 124 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда (ML) 3.2.

Според досегашните податоци од опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван во североисточните делови на Република Северна Македонија, поточно во Делчево, Виница и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Escape