ПРВ.мк
Македонија

Полицијата уапси родители кои ги користеле своите деца - ова се деталите!

Полицијата уапси родители кои ги користеле своите деца - ова се деталите!
Kristal

Кумановската полиција денеска соопшти дека уапсени се четири лица од Куманово и Скопје, кои наводно користеле своите малолетни деца за да питачат на јавни места.

Според информациите од СВР Куманово, лицата се лишени од слобода во рамки на акцијата за превенција и сузбивање на овој вид криминална активност, која претставува искористување на малолетни лица за економска добивка.

Полицијата дополнително истражува дали зад овие активности стојат и други лица или организирани групи, како и околностите под кои децата биле вклучени во питачењето.

Случајот е предаден на надлежното обвинителство, а властите апелираат до граѓаните да не поддржуваат питачење со малолетници, бидејќи тоа директно го поттикнува криминалниот круг и ризикот за злоупотреба на децата.

Escape