ПРВ.мк
Свет

ЕУ остро реагира по смртта на новинарите во Газа: „Убиени без докази!“ – Израел под притисок!

ЕУ остро реагира по смртта на новинарите во Газа: „Убиени без докази!“ – Израел под притисок!

Европската Унија остро ја осуди смртта на пет новинари од Ал Џезира, кои беа убиени во воздушен напад на израелската армија врз новинарски шатор поставен пред болницата Ал-Шифа во Газа. Меѓу загинатите е и истакнатиот дописник Анас ал-Шариф, а трагичниот настан предизвика бурни реакции низ меѓународната заедница.

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедност, Каја Калас, изјави по виртуелниот состанок на министрите за надворешни работи:

„Европската Унија го осудува нападот во кој загинаа петмина новинари. За вакви тврдења и обвинувања, мора да има јасни и недвосмислени докази, во согласност со владеењето на правото.“

Израелската армија го обвини Шариф за соработка со Хамас и тврди дека тој бил инволвиран во координирање на ракетни напади врз Израел. Но, ЕУ смета дека новинарите не смеат да бидат цел, и дека потребно е целосно транспарентна истрага.

Покрај Шариф, во нападот беа убиени и:

  • двајца сниматели на Ал Џезира
  • еден дописник
  • еден асистент
  • и уште еден локален новинар кој не бил вработен во катарската телевизија.

Важно е да се напомене дека странски новинари немаат пристап до Појасот Газа од октомври 2023 година, поради што медиумите се целосно потпираат на локални известувачи – токму тие што се најизложени на ризик.

Покрај осудата за нападот, ЕУ испрати повик до Израел да дозволи поголем проток на хуманитарна помош во Газа. Калас предупреди:

„Иако дел од помошта пристигнува, потребите се огромни, а ситуацијата останува критична. Потребно е Израел да го олесни влезот на хуманитарни камиони и да се подобри дистрибуцијата.“

Escape