ПРВ.мк
Свет

Ердоган испрати силна порака: „Внимателно следиме што се случува, ова може да го загрози целиот договор“

Ердоган испрати силна порака: „Внимателно следиме што се случува, ова може да го загрози целиот договор“

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Анкара внимателно ги следи, како што рече, обидите за попречување на договорот меѓу САД и Иран, нагласувајќи дека Турција ја поддржува дипломатијата и намалувањето на тензиите во регионот.

На заедничката прес-конференција со пакистанскиот премиер Шахбаз Шариф во Истанбул, Ердоган оцени дека договорот меѓу Вашингтон и Техеран претставува позитивен чекор и дека придонел за намалување на неизвесноста.

Тој истакна дека Турција внимателно ги следи, како што ги нарече, „провокациите“ насочени кон нарушување на преговарачкиот процес, при што упати критики кон израелската влада и предупреди на зголемени тензии во Либан и Сирија.

Ердоган повторно повика на прекин на борбите во Појасот Газа и порача дека трајно решение е можно само преку дијалог и со активно учество на земјите од регионот.