ПРВ.мк
Балкан

Пожар во Неа Каликратија се доближува до куќите: Издадена итна наредба за евакуација (ВИДЕО)

Пожар во Неа Каликратија се доближува до куќите: Издадена итна наредба за евакуација (ВИДЕО)

Голем пожар избувна попладнево во Неа Каликратија на Халкидики, а поради брзото ширење на огнот биле евакуирани жители и посетители од дел од погоденото подрачје.

Според грчките медиуми, пожарот се доближил до куќи, по што надлежните испратиле итна порака до лицата во населбите Амбелакија и Кипуполи да се упатат кон Неа Каликратија.

Во гаснењето на огнената стихија се ангажирани 45 пожарникари со 12 противпожарни возила, две пешадиски екипи и доброволци. Од воздух интервенираат пет противпожарни авиони и три хеликоптери, а на терен се вклучени и цистерни со вода и градежна механизација.

Во меѓувреме, на местото е испратен и специјален истражен тим кој треба да ги утврди причините за избувнувањето на пожарот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА