ПРВ.мк
Свет

Хаос во една од најголемите американски бази – вооружен напад, повеќемина повредени

Хаос во една од најголемите американски бази – вооружен напад, повеќемина повредени
Escape

Воената база Форт Стјуарт во сојузната држава Џорџија, САД, денеска беше сцена на драматичен вооружен напад во кој се повредени пет војници. Настанот предизвика итна блокада на објектот и масовна реакција од безбедносните служби.

Инцидентот се случил околу 11:04 часот по локално време, кога надлежните веднаш ја заклучиле базата и упатиле полициски тимови на терен. Според официјалната објава на Фејсбук страната на базата, ситуацијата била ставена под контрола, а напаѓачот е приведен.

Потполковник Ангел Томко, портпарол на базата, изјави дека станувало збор за „активен стрелец“, но не откри дополнителни информации за неговиот идентитет или мотивите. Неофицијално, се наведува дека тој повеќе не претставува закана.

Форт Стјуарт е една од најголемите воени бази во САД, со повеќе од 10.000 луѓе кои живеат или работат во неа – војници, нивни семејства и цивилен персонал. Базата е поврзана со стратешкиот воен аеродром Хантер, што дополнително ја зголемува нејзината важност.

Гувернерот на Џорџија, Брајан Кемп, јавно изрази сочувство и загриженост поради настанот, истакнувајќи: „Скршен сум од денешната трагедија во Форт Стјуарт. Ги држиме жртвите и нивните семејства во нашите срца и молитви, и ги повикуваме сите граѓани на Џорџија да го сторат истото.“

Истражителите работат на утврдување на сите околности околу нападот, а јавноста очекува дополнителни информации од армиските и безбедносни власти.

Mia Home Mavrovo