ПРВ.мк
Свет

„Економски Ден Д“ за Иран: Трамп тврди дека земјата доживува целосен колапс

„Економски Ден Д“ за Иран: Трамп тврди дека земјата доживува целосен колапс

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се соочува со „целосен колапс“, во пресрет на објавувањето на новиот пакет американски економски мерки против Техеран.

Изјавата доаѓа во момент кога администрацијата во Вашингтон најавува значително засилување на економскиот притисок врз Иран. Американскиот министер за финансии Скот Бесент го нарече денешниот ден „економски Ден Д“, најавувајќи голема финансиска офанзива чија цел е дополнителна изолација на Техеран.

Според најавите на Бесент, Вашингтон планира да ги пресече економските канали преку кои Иран продолжува да остварува приходи. Под притисок би можеле да се најдат и држави, компании и финансиски институции кои продолжуваат да купуваат иранска нафта или да овозможуваат финансиски и трговски трансакции со Техеран. Конкретните детали за мерките се очекува да бидат соопштени во текот на денот.

Трамп претходно најави дека САД започнуваат силна кампања за економска изолација на Иран, додека Бесент ја опиша најавената операција како една од најголемите финансиски офанзиви што Вашингтон ги презел против противник.

Новите мерки дополнително ја зголемуваат неизвесноста околу конфликтот и можните последици врз глобалната економија и енергетските пазари.