ПРВ.мк
Свет

Песков без дилеми: Европа веќе го губи економското водство поради скапата енергија!

Песков без дилеми: Европа веќе го губи економското водство поради скапата енергија!
Kristal

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, испрати остро предупредување дека целосното откажување на Европа од рускиот гас ќе има сериозни последици врз економската моќ и конкурентноста на Европската Унија. Според него, преориентирањето кон други извори на енергија ќе ја чини Европа значително поскапо, што директно ќе влијае врз нејзината економска стабилност.

Песков појаснува дека обезбедувањето на алтернативни, но многу поскапи енергенси ќе доведе до пад на конкурентноста и дополнително ќе го забрза процесот на слабеење на европската економија, кој веќе е забележлив во последните години. Ова го коментираше реагирајќи на изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која истакна дека ЕУ повеќе нема да зависи од рускиот гас.

Тој додаде дека доколку Европа се откаже од рускиот гас, ќе мора да се сврти кон извори што се многу поскапи, што неизбежно ќе предизвика удар врз европските пазари.

Во меѓувреме, Советот на Европа објави дека постигнал договор со Европскиот парламент за постепено укинување на увозот на руски гас до 2027 година, во рамките на стратегијата за целосно намалување на енергетската зависност од Русија.

Според договорената агенда, увозот на течен природен гас (ЛНГ) и гас преку цевководи од Русија ќе се ограничува по фази, со целосна забрана за ЛНГ до крајот на 2026 година, а за гасот преку цевководи до есен 2027 година.

Овој привремен договор, за да стане правно обврзувачки, треба да добие финално одобрување и од Советот и од Европскиот парламент.

FixCredit
Atensa 300
Escape