По сериозните закани од американскиот претседател Доналд Трамп, Јужна Африка испрати јасна порака: не сме анти-американски настроени!
Портпаролот на министерот за трговија изјави за „Ројтерс“ дека земјата останува посветена на добрите односи и на трговскиот договор со САД, и покрај најавите на Трамп за дополнителни царини од 10 отсто за членките на БРИКС.
Трамп претходно изјави дека „секоја земја што ќе се приклучи на анти-американската политика на БРИКС ќе биде казнета со царина“, нагласувајќи дека нема да има исклучоци. Изјавата ја објави на неговата социјална мрежа „Truth Social“, но не прецизираше што точно подразбира под „анти-американска политика“.
Јужна Африка, како долгорочен партнер на САД, сега се обидува да ја смири тензијата и да покаже дека не застанува против Вашингтон.