ПРВ.мк
Свет

Паника на плажа во Грција: Огромна фока заплива меѓу туристите

Паника на плажа во Грција: Огромна фока заплива меѓу туристите

Необична сцена ги изненади туристите на грчкиот остров Сими, откако голема морска фока се појави во плитките води во близина на плажата Маратунда и заплива само неколку метри од капачите.

Нејзиното ненадејно појавување првично предизвика паника кај дел од присутните, па некои туристи веднаш излегоа од водата. Сепак, кога сфатија дека станува збор за фока, стравот брзо се претвори во воодушевување.

Големото морско животно мирно пливаше покрај посетителите без да покажува знаци на агресија или вознемиреност. Многумина го искористија моментот за да ја снимат оваа ретка глетка со своите мобилни телефони.

Пред да се упати кон карпестиот дел од брегот, каде што накратко се одморила, фоката извела неколку елегантни нуркања, приредувајќи вистински спектакл за туристите кои ја набљудувале од безбедна дистанца.

Експертите потсетуваат дека при средба со морски фоки не треба да им се приближувате, да ги храните или да се обидувате да ги допирате. Иако најчесто се мирни и љубопитни животни, најдобро е да им се остави доволно простор за да продолжат со своето природно однесување без вознемирување.